Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Машински Факултет - Скопје
ЦИРКО ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН
Машински Факултет - Скопје
Карпош 2 бб, 1000 Скопје
Република Македонија
+389 2 3099 492
+389 2 3099 200
+389 2 3099 298
Copyright © 2013
Slideshow Image 1 Slideshow Image 2 Slideshow Image 3 Slideshow Image 4 Slideshow Image 4 Slideshow Image 4 Slideshow Image 4

Новости

  • Во тек се уписи за курсеви по следните софтверски пакети:
  • SolidWorks
    • Maya
    • 3d Studio Max
    • AutoCAD
    • Inventor
    • Уписите траат од 13.01.2014г. до 31.01.2014г.
ЦИРКО - ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН е услужна единица во рамките на Машинскиот факултет во Скопје. Со високостручен кадар, работилници, опрема и лабораторијата ИДЕА Лаб, нудиме едукативни и апликативни услуги за индустријата, компаниите и поединците од областа на индустрискиот и инженерскиот дизајн, ергономски анализи и експертизи, прототипирање, дигитална презентација и анимација, како и едукација во областа на современи инженерски и дизајнерски софтвери.

Индустриски дизајн

Нудиме услуги од областа на индустрискиот дизајн како, естетско обликување на производи, развој на концепти и сценарија, решенија за уредување и опремување на ентериери во објекти и возила. Дизајнираме производи по мерка на човекот, инспирирани од природата, кои се грижат за природата.
Ергономија

Услуги од областа на ергономијата и антропометријата во дизајнот на производи и ентериери: експертизи во дизајн на производи и уредување на простори од аспект на димензионирање, безбедност, комфор, ефикасност, виртуелно тестирање, тестирање на комфор.
Едукација

Преку курсеви и школи ви нудиме продлабочување и осовременување на вашите теоретски, практични и компјутерски знаења од повеќе области на конструирањето и индустрискиот дизајн, од конципирањето на нови производи, па се до изработката на техничката документација.
Инженерски дизајн

Ако ви е потребна соработка во решавањето на различни инженерски проблеми, можеме да ви помогнеме со обуки и експертиза сврзани за различни видови на инженетски анализи на дизајнерските модели и машински конструкции.
Прототипирање

Ако имате потреба да ги преточите вашите дизајнерски идеи во физички модел, ви нудиме помош при конципирањето и креирањето на прототипови, со цел да ви помогнеме да ги анализирате, подобрите и финализирате во производ.
Дигитална презентација

Визуелизација на производи и простори како услуга за архитекти, дизајнери, инженери, иноватори. Нашиот тим е обучен за 3Д моделирање и анимација со примена на современите софтверски алатки MAYA и 3D STUDIO MAX.